Пригодна свеченост во Делчево по повод 23 Октомври Ден на Македонската револуционерна борба

Со пригодна свеченост, Општина Делчево денеска го чествуваше Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври. По тој повод, за значењето на овој празник, членовите од КУД „Гоце Делчев“ од Делчево подготвија пригоден реферат, а пред споменикот на Гоце Делчев во центарот на градот, се поклонија и букети свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево и од Советот на Општина Делчево, како и претставници од институции, политички партии и здруженија.

-Во историјата 23 Октомври е запишан како ден на основањето на Македонската револуционерна организација. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку  Илинден 1903 г., а потоа преку НОБ резултира со создавање  современа самостојна македонска држава. Овој датум, 23 октомври, симболизира контиконтинуитет на македонската борба за независност  беше истакнаa членовите на КУД ,,Гоце Делчев” во пригодниот реферат по повод значајниот датум.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*