
Правото наше е да ги одгледуваме и воспитуваме нашите деца во согласност со нашите обичаи и традиции, а со тоа и да ги зачуваме за идните поколенија Македонци, во кои ќе продолжи да гори огнот на ваквите цели и идеали! Почитувани сограѓани, одбележувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, е празнување на идејата за самостојна и независна Македонија. Овој ден претставува завет на македонските револуционери, предвесник на Македонската Револуционерна Организација, но и симбол на непокор, патриотизам и правда.Пламенот што го разгореа револуционерите го превзедоа ИЛИНДЕНЦИТЕ, борците во Народноослободителната и антифашистичка борба и носителите на АСНОМ, кои го остварија стремежот за слободна Македонска држава. Без 23 октомври 1893 година не ќе беа можни ниту трите светли Илиндени од 1903, 1944 и од 1991 година. Почитувани сограѓани, нека ни е честит празникот!Нека е вечен споменот за македонските револуционери!Нека е честит големиот 23 ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба!Да живее Република Македонија , се вели во честитката од ВМРО ДПМНЕ Делчево.
Честитката на линкот во продолжение:
Leave a Reply