Заврши Буџетскиот форум во Берово, граѓаните ги одбраа приоритетите за следната година

На третата форумска сесија, граѓаните на Берово ги истакнуваа нивните приоритети.

Денеска жителите на општина Берово, имаа можност да гласаат и да ги истакнат приоритетните програми, но и проекти, кои би требало општината да ги реализира.
Според присутните граѓани, најприоритени за реализација, се Програмите за развој на спорт и спортско рекреативни активности, Програма за поттикнување на развојот на туризмот, Програма за активностите на Општина Берово во областа на културата и Програма за изработка на урбанистички планови, додека помалку приоритени се Програма за уредување на градежно земјиште и Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести, информираа од Општината.

Присутните граѓани, ги рангираа предложените проекти по приоритет:

  1. Тротоар на ул. „Моша Пијаде“ од старо Борово до Хотел Манастир 60 БОДОВИ
  2. Реконструкција на отворен канал за атмосверски води на ул. 23ти Авгус 57 БОДОВИ
  3. Реконструкција на кров на ОЈУДГ „23-ти Август“ Берово 55 БОДОВИ
  4. Продолжување на трим стазите – патеките на Беровско Езеро 52 БОДОВИ
  5. Божиќен концерт со изложба на стара архитектура од Малешевијата 50 БОДОВИ
  6. Автоматско системско наводнување на тревникот на ОФК Малеш 47 БОДОВИ
  7. – Востановување на фестивал Малешевијата пее од срце 44 БОДОВИ
  8. Санирање на старата соблекувална во ОФК Малеш 44 БОДОВИ
  9. Нови пластични столчиња на трибините на ОФК Малеш 41 БОД
  10. Почесто организирање на еколошки акции за пошумување со вклучување на учениците и друго население, не само ЕЛС 34 БОДОВИ
  11. фотоволтаици на кров на ОЈУДГ „23-ти Август“ Берово 33 БОДОВИ
  12. Детско повеќенаменско игралиште на ридот кај Ромската заедница 29 БОДОВИ
    На вкупно трите форумски сесии, присутните, преку своето учество, имаат можност да се запознаат и да дискутираат за реализацијата на буџетот на општина Берово за тековната 2022, и да даваат предлози за планирање на буџетот за следната 2023 година.
    Воедно, присутните имаа можност да предлагаат, дискутираат и одлучат кои се приоритетни активности, да бидат ставени во програмите за 2023 и понатаму да бидат составен дел на Буџетот на општината за 2023 година. Се разбира дека дел од проектите, ќе бидат веднаш ставени за реализација, а дел ќе се сметаат како приоритети во изработката на техничка проектна документација и ќе бидат реализирани во следната година.
    Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите, беше од големо значење за успешно спроведување на буџетскиот форум и даде голем придонес за креирање на Буџет на општина Берово за 2023, по мерка на граѓаните.
    На третата форумска сесија, исто така беа проследени и предлозите, кои беа истакнати како приоритети преку социјалните мрежи на општина Берово и на градоначалникот:
  13. Реконструкција на Улица 3
  14. Вода за пиење на Линако
  15. Автобуски линии, како што имаше порано- Автобуска станица и линии за Скопје и другите градови
  16. Развој на руралниот туризам
  17. Кружен тек на патот Берово Струмица, кај раскрсницата Берово Владимирово Струмица
  18. Асфалт и улично осветлување на ул. Кочо Рацин
  19. Спортско игралиште во ромското маало
  20. Да се пополнат дупките на ул. 15 корпус
  21. Да се отвори фирма да има каде да работат луѓето
  22. Да се активира ресторантот на Беровско Езеро
  23. Да се исчисти депонијата на Бучвар кај с. Русиново
  24. За почисто Берово, кантите и контејнерите да се чистат 2 пати неделно

Од Општината се заблагодарија на сите жители, на Општина Берово, кои беа дел од форумскиот процес.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*