
Во Пехчево отворена осмата самостојна изложба на слики од авторот Драган Кузманоски. Неговите дела се изложени во просториите на Домот на културата ,,Јане Сандански” Пехчево кои изложбата ја организираа како дел од работата на ликовната дејност при установата.
-Неговите мотиви се инспирирани од непосредните доживувања на живописните пејсажи на Р.Македонија, со особен акцент на руралната архитектура. Делата се работени во маслена и акрилна техника на платно. Упатуваме покана до сите љубители на уметноста во наредните десетина дена да ја посетат изложбата на Кузмановски, истакнаа од Домот на култура во Пехчево.

Leave a Reply