
Додека училиштата во Македонија се празнат, Европа широко ги отвара вратите на нашите луѓе каде започнуваат нов сигурен и безбеден живот. Така денес во Италија се случи збратимување на општините Македонска Каменица со Рикалдоне, Касине и Аличе Бел Коле, во организација на момците од македонското здружение ,,Заедно / Инсиеме” Рикалдоне, МПЦО ,,Св. Архангел Михаил” Неиве и градоначалникот на М. Каменица Димчо Атанасовски со своите соработници.
Градоначалниците на италјанските општини се заблагодарија на Македонците кои лојално, вредно и совесно се интегрираат и учествуваат во сите полиња на системот.
Настанот беше збогатен со присуството на Неговото високо преосвештенство Европскиот Владика Отец Пимен, Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски со делегација и Конзулот од Местре г-дин Стојан Витанов.
Сите во своите поздравни говори го истакнаа значењето на сплотеноста за успех и дека само така заедно ќе ја сочуват македонската култура и традиција, ќе ги негуват врските со татковината и ќе добиваат поддршка од надлежните институции. Благодарност до сите кои го направија денов посебен и историски значаен!
Текст и фото: Билјана Костова






Leave a Reply