ЈЛБ ,,Илинден” Делчево го одбележа Меѓународниот ден на правата на детето

ЈЛБ„Илинден“-Делчево заедно со учениците од ООУ„Св.Климент Охридски“ и Верица Боинска,наставник по граѓанско образование, денес го одбележува Меѓународниот ден на правата на детето.
По тој повод библиотеката и училиштето обезбедија за учениците од ова училиште балон на кој е напишано по едно од детските права.Овие балони денеска учениците ги поделија на нашите сограѓани, истакнувајки го значаењето на денешниот ден и важноста од почитувањето на детето и детските права.

Детските права како дел од човековите права им припаѓаат на сите деца без оглед на нивното национално или етничко потекло, пол, род, боја на кожа, религија, возраст, попреченост, сексуална ориентација, родов идентитет, јазик или кој било друг статус. Човековите права се меѓуповрзани, меѓузависни и неделиви. Тие се универзални и се гарантираат со закон, конвенции, обичајно и меѓународно право, со општи принципи и со други извори на меѓународното право.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*