Жителите од с.Град на мирен протест поради недостигот со вода, од ЈКП ,,Брегалница велат дека се работи на решавање на проблемот

Жителите на делчевското село Град на мирен протест го искажаа нивниот револт за недостигот на вода во нивните домови. Жителите на селото град се пожалија дека како резултат на постојаните прекини на вода во водоводната мрежа им прегореле машините за перење и не можат да ги обавуваат своите основни хигиенски потреби. Апелираа до надлежните да се стави крај на овој проблем за подостоинствен живот:

Прес конференција на споменатата тема од центарот на селото, одржа и Советничката група на ВМРО ДПМНЕ кои упатија повеќе прашања кои што се однесуваат на работата на директорот на ЈКП “Брегалница” Делчево, Стојче Стојковски и побараа одговорност за неговото неодговорно управување до системот за достава на вода за пиење за жителите на општината. Советничката Ели Ангеловска заедно со жителите на селото Град упатија прашања дали поради самоволието на директорот Стојковски се исклучуваат пумпите кои треба да обезбедат вода за пиење и до кога ќе трае ваквото самоволие на одговорното лице во комуналното претпријатие во Делчево.

Одговор на поставените прашања побаравме од самиот директор на претпријатието кој за посочениот проблем ја даде следната изјава:

Водоснабдувањето во с. Град се врши од два извора и тоа. Од каптажата која се наоѓа два километри над резервоарот за вода и од бунарот и пумпната станица по с.Град. Проблемот кој се јави во с. Град е од следните причини. Во линијата која доаѓа од каптажата до резервоарот има многу мал доток на вода поради деефект на истата односно запушување и бидејќи се работи за должина од 2 км екипите веќе четврти ден работат на пронаоѓане на причините за слабиот доток, а според мислењето на раководителот овде најверојатно се работи за човечки фактор

Од друга страна при проектоирањето на секундарната водоводна мрежа во с. Град пред околу 20 тина година , истата е така изработена да водата од пумпите не влегува во резервоарот па од тука во секундарната мрежа туку директно се пумпа во мрежата, поради тоа пумпите мора да работат постојано и појкрај енормните трошоци за струја кои изнесуваат 200.000 ден далеку повеќе од она што се фактурира за потрошена вода, но тоа доведувада и до чести дефекти и прекини на водоснабдувањето а при престанок на работата на пумпите повисоките делови остануваат веднаш без вода.

Поради тоа во текот на вчерашниот ден околу 14 часот имаше дефект на главната доводна линија кој беше уште вчера саниран, но во утринските часови пак има друг дефект на главната доводна линија на кој работат екипите на ЈКП Брегалница Делчево.

Известен сум дека веќе е пронајден и отклонет проблемот и на линијата која иде од каптажата и очекуваме уште во текот на денешниот ден водоснабдувањето во с.Град да се нормализира.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*