Се сеќавате ли на Калц, Селтик, Телетански, Трајката…!?!

Миле Стојановски – Селтик и Кирчо Ивановски – Калц се дел од генерацијата фудбалери на делчевска Брегалница која се натпреваруваше во некогашанта Првата македонска лига во рамките на СФРЈ.

Ивановски својата фудбалска кариера ја започнува во 1977 година во подмладокот на ФК Брегалница, додека истата година кариерата ја започнува и Миле Стојановски Селтик .

Во тоа време Брегалница Делчево функционирала со 4 екипи, пионери кадети, подмладок и сениори. Калц со фудбал започнува по доаѓањето во делчевската гимназија од неговото родно село Град. Во подмладокот играл годинаипол, за да во 1978 заигра во сениорската екипа.

Во далечната 1978/79 година ФК „Брегалница (Д) се натпреварувала во регионална лига, додека во во 1980 година екипата влегува во Втора македонска лига.

Втората македонска лига во 1982 година се раздвојува во две лиги Исток и Запад. По две години играње во Источниот регион, Брегалница станува шампион и влегува во Првата македонска лига што е најголем успех во тоа време.

Екипата во состав Илиевски, Телетански, Гоцевски, Ивановски, Стоименовски и многу други игра се до 1990 година кога повеќето фудбалери ја завршиле играчката кариера.

Ова е приказна која вреди да се слушне токму од двајцата најеминенти имиња на делчевскиот фудбал во видеото во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*