Изработен идеен проект за изградба на Спомен дом ,,Љубомир Белогаски” во село Тработивиште

Делчевското село Тработивиште ќе добие  Спомен дом кој ќе го носи името на познатиот академик и професор Љубомир Белогаски. Проектот за изградба на објектот е дело на архитектот Гоце Попов, кој информираше дека првичната идеја за негова изградба потекнува од 2011 година.

-Иницијативата за изградба на Спомен домот е под менторство и првична идеја на инженер архитект Иван Иванов од с.Тработивиште уште пред повеќе од десет Изработката на овој проект е наша донација како архитектонско студио ГПА за жителите и месната заедница на с.Тработивиште, граѓаните на Делчево, но и на Министерството за Култура на Македонија, истакна Попов.

Објектот како што посочи е проектиран со содржаен простор кој покрај тоа што ќе содежи посебен простор за ликовни колонии, ќе биде наменет и за одржување народни собири, место за приготвување на храна и канцелариски простор и санитарии.

-Вкупната површина на објектот е околу 600 м2 со приземје и кат со содржини и простории за ликовни колонии и изложби на дела од истакнатиот академик и професор Љубомир Белогаски, кој важи за ненадминат мајстор на акварелот и основоположник  на македонската модерна и современа уметност, додаде Попов.

Изрази благодарност до сите инволвирани во креирањето на идејата, чија крајна цел е селото Тработивиште да добие репрезентативен простор кој жителите целосно го заслужуваат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*