Овчарската фарма ,,Мачевските деца” со успех ја заврши 2022 година

Александар Мачевски и неговите браќа кои заеднички ја раководат овчарската фарма ,,Мачевските деца” во селото Робово годината ја завршуваат со успех. Пред два дена на Сточарска вечер во Делчево ја добија наградата за зголемување на стадото, а сопругата на Александар ја доби наградата за најуспешна жена земјоделка.

Александар годинава беше доста актуелен со презентирање на дел од обичаите кои сточарите ги практикуваат пред продажбата на јагниња, поради што беше на мета на здруженијата за заштита на животните, за што на последната сточарска вечер ја доби наградата Најинтересен лик за Анима Мунди.

Овчарската фарма ,,Мачевските деца” е семеен бизнис од 2006 година. Се занимаваат со одгледување говеда, овци и крави, некогаш одгледувале и до 400 овци, но со тек на времето ја намалиле бројката, бидејки искуството покажало дека помал број овци кои се добро одгледани им даваат ист приход.

Во Малешевијата се познати како семејство кое има солидна продажба и навреме го продаваат јагнето по добра цена. Субвенции како што вели еден од членовите на семејството Александар Мачевски добиваат навреме, но потенцира дека се малку платени за набавката на храна, која сами ја обезбедуваат како јонџа, сено и други житни култури за прихрана на стоката.

Во моментот ,,Мачевските деца” располагаат со 250 овци и 40 крави само за пасење, телиња и 5 коњи со комплет говеда, за кои редовно собираат храна за зимата.

Од производите со кои располагаат ќе ги издвоиме Малешевското сирење, млеко, биено сирење, јагне буламач, телиња хранети со природна храна (нехранети на јасли).

Производите може да се купат доколку ги побарате на телефон 072/566-688.

Александар Мачевски во име на Овчарската Фарма ,,Мачевските деца” на сите граѓани им ја честитаат Новата 2023 година и им посакуваат добро здравје, многу среќа и успех во работата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*