
По предлог на Министерството за образование и наука (МОН) наместо на 18 јануари, учениците од основното и средното образование во школските клупи се враќаат на 23 јануари.
Владата од денешната седница (вторник), донесе одлука наставата од второто полугодие да започне од понеделник, пет дена подоцна од претходно најавениот почеток. Во информацијата од Владата се додава оти наставата ќе почне со физичко присуство за сите ученици.
„Во образложението од Министерството е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците“, соопшти Владата.
Leave a Reply