Одобрени средства за рехабилиталија на дел од локалниот пат до туристичката населба Абланица во Берово

Одобрени средства за рехабилитација на дел од локален пат за пристап до земјоделско земјиште до туристичка населба Абланица во Берово. Активноста како што информираше градоначалникот Звонко Пекевски од ќе се реализира преку Програмата за рурален развој на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието.

 -Денеска, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ, во присуство на Министерот, Љупчо Николовски и Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски,  го примив решението, од  Агенција за финансиска поддршка и рурален развој, со кое на општина Берово и се одобрени средства, за рехабилитација на дел од локален пат, за пристап до земјоделско земјиште,  до туристичка населба Абланица, информираше Пекевски.

Со овој проект е предвидено чистење и тампонирање на постоечката траса на земјениот пат, до туристичка населба Абланица, од мостот кај река Брегалница, до влезот во туристичката населба, со должината од околу 857 метри.

Проектот како што додаде ќе се реализира преку мерка 124- Инвестиции во инфраструктурата за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството.

-Поддршката е дел од под-мерка 124.3 – Инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште, врз основа на Програмата за финансиска поддршка за рурален развој. За реализација на проектот од Буџетот на Агенцијата за финасиска поддршка и рурален развој, обезбедени се околу 1 милион  денари, додаде Пекевски.

Претходно врз основа на одржаните состаноци и договорената динамика за отпочнување на постапка за урбанизација на туристичка населба Абланица, Општина Берово ги повика сопствениците на имот, во туристичка населба Абланица, да направат увид, во предлог опфатот на урбанистичкиот план за туристичка населба Абланица и да ги потврдат своите намери за градба, најдоцна до 15.02.2023 година, во просториите на Општина Берово, Одделение за урбанизам.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*