Китански го доби решението за ,,Изградба на дел од пристапен пат до земјоделско земјиште” во село Спиково

Градоначалникот на Општина Пехчево денеска во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го прими решението, со кое на Општина Пехчево и се одобруваат средства за ,,Изградба на пристапен пат до земјоделско земјиште, Пехчево – Спиково,, .

Со реализација на овој проект ќе се изврши одбележување и расчистување на трасата до село Спиково и тампонирање на истата во должина од 500 метри и ширина 3,5 метри.

Проектот е финансиран од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, мерка124 – Инвестиции во инфраструктурата за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството, Подмерка 124.3 – Инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште, со вкупно 846.452,00 денари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*