Сертификати за учесниците во Меѓународниот средношколски натпревар Best in English

Директорката на делчевската гимназија ,,Методи Митевски – Брицо” Дијана Цонева денес во присуство на организаторот и ментор Желеанка Демирова и менторот Дијана Атанасова ги додели сертификатите за средношколците кои беа дел од Меѓународниот средношколски натпревар Best in English.

,,Патот до успехот се темели на континуирана работа и одржување на високо ниво на мотивација. Горди сме на вашата заложба за промоција на училиштето во државата и во меѓународни размери, како и на вашите постигнати резултати. Продолжете со личниот и академскиот развој и секоја ваша наредна иницијатива ќе биде поддржана од училиштето”, се обрати директорката на СОУ Методи Митевски – Брицо доделувајќи ги сертификатите на учениците кои зедоа учество во меѓународниот натпревар по знаење Best in English, во присуство на организаторот и ментор Ж.Демирова и менторот Д. Атанасова.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*