Промовирана книгата „Дејноста на МРО во Пијанец од создавањето до крајот на Илинденското востани”

Објава на ЈЛБ ,,Илинден”.

Одбележувајќи ја годишнината од раѓањето на Великанот Гоце Делчев, ЈЛБ„Илинден“-Делчево ја промовира книгата „Дејноста на МРО во Пијанец од создавањето до крајот на Илинденското востание„. Оваа книга е дело на нашиот роднокраен автор Спиридон Митевски. Како библиотеката се радуваме на секоја нoва книга која е на нашите полици, меѓутоа посебно ни е задоволство кога на полиците на библитеката имаме дело од наш роднокраен автор.

Книгата зборува за МРО, и борбата на нашето население за слобода.

За дејноста на МРО има напишано илјадници дела кај нас и во светот.Но за дејноста на МРО во Пијанец се чувствува празнина иако областа била активно вклучена во ослободителната дејност.И населението во Пијанец било со слободарски дух.Во сите населени места во Пијанец, каде македонците биле мнозинство, се формирале комитети на Организацијата, со голем број на активни членови и помагачи.

Библиотеката ги има и другите дела на авторот, стихозбирката„Пат и немир“ и монографијата „Панчерево“.Од денеска и „Дејноста на МРО во Пијанец од создавањето до крајот на Илинденското востание„ ќе биде достапна до нашите читатели.

Книгата ја промовираше Ванчо Новоселски, професор по историја и Советник за образование при Општина Делчево.На промоцијата присуствуваше и рецезентот на книгата м-р Никола Савев , професор.Пред присутните, покрај авторот, делови од книгата прочитаа и Сара Ангелова, Магдалена Георгиевска,Теодора Тодоровска, Ива Ивановска и Андреа Димитровска, ученици од СОУ„М.М.Брицо“.

Oд име на ЈЛБ„Илинден“ на авторот Спиридон Митевски му поскауваме многу успех со оваа книга и уште многу нови дела и нови промоции.

Поцеќе од изјавите и самата промоција во видеото во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*