Во Делчево одржана втората обука во рамки на проектот “ТрансЗелена инспирација”

Одржана втората обука во рамки на проектот “ТрансЗелена инспирација” кој Центарот за одржливи практики ,,Природна Перспектива” од Делчево го реализира заедно со партнерската организација “Надежда за нас 2008” од Р. Бугарија. Како што истакна Борче Димитровски, претседател на делчевското здружение, обуката има за цел креирање на модули за развивање на идеи во областа на зеленото социјално претприемништво.

-Покрај развој на двете здруженија, предвидена е имплементација на тренинг модели во областа на социјално претприемништво за развој на зелени бизниси, како модул кој во иднина ќе може да се развива. Голема благодарност до Зоран Биковски кој се вклучи како експерт од македонска страна за да ги образложи законските регулативи за социјално претприемништво кај нас, како и можностите кои ги нуди нашата држава и другите донатори, рече Димитровски.

Моника Николаева од здружението , Надежда за нас” додаде дека во рамки на проектот ќе бидат обучени 40 млади од Македонија и Бугарија, обука која ќе се реализира во еко центрите во двете држави. 

Цветелина Стојанова доктор на социолошки науки во Бугарија, учествува во проектот за да го пренесе своето искуство, со проектните работи за социјално претприемништво. 

-Сега веќе имаме нов проект со овие млади луѓе, со кои се надевам дека ќе продолжат да развијат навики и идеите во насока на подобрување на еко-поведението кај младите, здравата исхрана и нивен осмислен живот во природа, рече Стојанова.

Центарот за одржливи практики ,,Природна Перспектива” упати отворена покана до младите од Делчево активно да се вклучат на некој од камповите кои ќе се реализираат во наредниот период, со цел да се стекнат со одредени знаења од областа на зеленото претприемништво.

Проектот е финансиран од програмата на Еразмус+, Клучна акција 210 Партнерства од мал обем.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*