Жители на село Бигла бараат ослободување од плаќање комунална такса за улично осветлување!

Деновиве добивме прашање од група граѓани од село Бигла во врска со комуналната такса за јавно осветлување која како што велат ,,фигурира” на нивните декемвриско-јануарски сметки заедно со останатиот надомест за потрошена електрична енергија.

Бидејки до декември 2022 година, жителите на ова село не плаќале комунална такса за јавно осветлување, а сега таа им е воведена, тие упатиле барање до Општината за ослободување од плаќање на комунална такса при што им бил даден следниот одговор:

За ова прашање побаравме одговор од Советот на Општина Делчево во кој ни беше потенцирано дека постои нова одлука, со која дел од населените места каде нема улично осветлување се ослободени од плаќање комунална такса.

Бидејки гореспоменатите жители, не се опфатени со новата одлука, препораката од Советот е тие да поднесат поединечно барање до општината за ослободување од плаќање комунална такса, која потоа ќе биде разгледана на Седница на Совет.

Жителите најавија дека доколку и во наредниот период не им се излезе во пресрет на ова нивно барање, ќе бараат правна разврска.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*