Најмалите од Делчево подготвени ја дочекуваат Априлијадата

Дечиња од детската градинка „Весели цветови“, ученици од ООУ „Ванчо Прке“ и од ООУ „Св.Климент Охридски утре ќе учествуваат во традиционалното дефиле под маски, но и на забавата под маски што се подготвува на летната сцена пред Спомен-домот АСНОМ. Домаќини на забавната програма се ученици од ООУ „Ванчо Прке“, а на сцената ќе настапат со своја програма ученици од двете основни училишта, како и дечињата од детската градинка.

Во пресрет на одбележувањето на Меѓународниот ден на шегата, денеска ЈЛБ„Илинден“-Делчево на првоодделенците од двете основни училишта им подели маски со цел тие да бидат подготвени за утрешната Априлијада.

-Секогаш е убаво кога дечињата се наши гости и кога секаде околу нас е полно радост, шаренило, насмевки и песни. Им посакуваме убаво да си поминат утре на Априлијадата и да уживаат во денот. Ние како библиотека и понатаму ќе бидеме тука за сите нив. Огромна благодарност до наставничките Верица, Соња, Цветанка, Александра, Цветанка и Каролина. Се гледаме утре на Априлијадата , дефилето започнува во 10 часот, истакна Билјана Петровска, директорка на ЈЛБ „Илинден“.

Програмата која е во организација на Општина Делчево, детската градинка и двете основни училишта, започнува утре, петок, во 10 часнот со дефиле на сите учесници по што на летната сцена ќе биде организирана програма под маски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*