Петстотини маскирани дечиња продефилираа во пресрет на Денот на шегата во Делчево, Берово и Македонска Каменица

Во пресрет на Први април- Денот на шегата во Делчево, Берово и Македонска Каменица денес околу петстотини маски денеска ги обоија градските улиците во знакот на Меѓународниот ден на шегата и традиционалната „Априлијада“.  

Обединети во „Априлијадата“ во Делчево како плод на детската фантазија и соништа продефилираа принцези, пчели, самовили, најразлични животни и ликови од детските бајки. 

-Годинава домаќини на „Априлијадата“ во Делчево беа ученици од ООУ „Ванчо Прке“, а освен учениците од ова училиште свој настап имаа и ученици од ООУ „Св.Климент Охридски“ и дечињата од детската градинка „Весели цветови“, информираа од Општина Делчево од каде информираа дека настанот  се реализираше со поддршка на НУ Центар за култура „Н.Ј.Вапцаорв и Јавната локална библиотека „Илинден“.

Во Берово најмалите под маските на своите јунаци, најмалите продефилираа на плоштадот ,,Димитар Беровски”. 

-На детските лица можеше да се види многу среќа и еуфорија, а плоштадот во Берово, беше преполн, од весели родители, роднини и минувачи. Со јасна порака, да нема повеќе маски кај возрасните, за поубав и посреќен свет на децата, тие расположени мавтаа со рацете и уживаа во традиционалното дефиле, додадоа од Општина Берово.

Детска смеа, преубави маски и костими ги исполнија и улиците во Македонска Каменица. Каменичките дечиња, како што информираа од Општина Македонска Каменица беа дел од годинешната Априлијада и ги воодушевија каменичани. 

Во општините од Пијанечко-Малешевскиот регион за утре е закажано Првоаприлско дефиле и во Општина Пехчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*