Левица Делчево поднесе кривична пријава за бесправно градење надземен далновод

Тони Стаменковски, советник во Советот на Општина Делчево денес на прес конференција информираше дека од страна на партијата е поднесена кривична за ЕВН Македонија КЕЦ Делчево за бесправбо градење. Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од прес конференцијата на Стаменковски:

-Во периодот од Јуни до Октомври 2022 година правното лице ЕВН Македонија-Кец Делчево без одобрение за градење, умислено и пакоснички извршува казнено дејствие по член 244 од кривичниот законик на Република Македонија.

Иако во проектот станува збор за надземен далновод, на терен е вршено поставување на подземен далновод, спротивно на основниот проект и тоа на тротоари, односно државно земјиште

Со ваквите градежни дејствија и без одобрение за градење ЕВН Македонија-Кец Делчево изведувало градба на туѓо земјиште

Интересот за планско развивање на просторот кој е во функција на задоволување на потребите, правата и интересите на граѓаните со ова дело е прекршено, со што Политичката партија Левица уште еднаш застанува во одбрана на сите граѓани на Република Македонија, истакна советникот на Левица, Тони Стаменковски.

Видео: https://fb.watch/jGnVEXlIqz/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*