Парични награди за најуспешните ученици Роми

Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, во Берово доделени наградите за најуспешните ученици Роми од основното и средното образование. Парична награда, за најдобар ученик Ром од основното училиште ,,Дедо Иљо Малешевски” му припадна на ученикот Али Голиќ, додека од средното училиште ,,Ацо Русковски” наградата за најдобар ученик-Ром и припадна на ученичката Шефрие Сулимановска. За наградените ученици од општинскиот Буџет на Општина Берово ќе им бидат исплатени по 6.000 денари.

Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите беше подготвена пригодна програма, на која настапија ученици роми од детската градинка и основното училиште во Берово.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски кој присиствуваше на настанот упати честитки до припадниците на ромската заедница посакувајки им добро здравје, среќа, соживот и толеранција. 

-Притоа се  освратив  на локалните проекти и инвестиции,  на кој работи Општина Берово, а преку кои, се подобрува   квалитетот на живеење, на граѓаните од ромската заедница. Во таа насока можам да кажам дека Општината ќе продолжи да се вклучува во надминувањето на проблемите и предрасудите, со кои се соочуваат граѓаните од ромската заедница, истакна Пекевски.

Најави продолжување на напорите за  постигнување инклузивно општество, во кое, секој граѓанин на Берово ќе има безбеден дом, како и мирен и достоинствен живот

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*