Едукативна работилница за органско пчеларство во Делчево

Во организација на здружението ,,Пијанечка Пчела 2″, во Делчево вечерва се одржа едукативна работилница за органско пчеларење. Активноста како што информираше претседателот на здружението Јованчо Медарски по двегодишна пауза поради пандемијата со Ковид-19, а целта е пред присутните да се образложи предноста од органското пчеларење, како и заштитата од штетникот ,,вароа” како деструктор на пчелните семејства. 

-Предавачи ни се долгогодишниот пчелар Горан Колев од Кавадарци како и пчеларите Ѓорѓи Хаџи Котарев и Ѓорѓи Андонов. Годинава има доста смртност кај пчелите кај некои смртноста е дури до 30 проценти. Најголем проблем ни се климатските промени, исто така и вароата која како голем штетник во голема мера делува на смртноста на пчелните семејства. Се надевам дека наскоро времето ќе се подобри, бидејки во овој момент е многу критична состојбата. Пчелните семејства остануваат без храна, а времето не дозволува да се отвораат да бидат прехранувани, вели Медарски.

Едукаторот Горан Колев со пчеларство се занимава од далечната 1994 година, а како претставник на сертификациско тело ,,Процерт” потенцираше дека органското пчеларство е она на што во иднина пчеларите треба да обрнат поголемо внимание. 

-Ако имаме пчеларник кој е лоциран негде во планина каде немаме конвенционална медоносна флора, другите услови и тоа како приоднесуваат за органско пчеларење. Многу полесно ќе привлечете туристи денеска ако им кажете дека на оваа фарма има пчеларник, на кој што се практикува органско пчеларење. Би требало таквиот мед од таквите локации да е повкусен отколку од некои локации кои се поблиску до некои индустриски капацитети, рече Колев.

Според кавадаречкиот пчелар локацијата, храната за пчелите и правилната борба со болестите се клучни, за да се задоволат правилата за органско пчеларство. 

-Околу самата локација на органски пчеларник факт е дека пчеларникот треба да биде подалеку од загадувачките капацитети кои ќе доведат до загадување не само на медот, туку и на другите пчелни производи. Секој на својот пчеларник исто така треба да води грижа за хигиенско однесување на пчелите, додаде Колев.

Околу презимувањето на пчелите потенцираше дека има повеќе елементи кои треба да се земат во обзир, а околу променливите временски услови подвлече дека на овдешната пчела и одговара самата паша, која и помага да преживува и да се однесува во склад со климатските промени

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*