
Во Берово започна реализацијата на проектот за бесплатен јавен превоз за граѓаните од Малешевијата. Услугата како што соопшти беровскиот градоначалникот Звонко Пекевски може да се користи секој четврток со претходно закажување кај надлежните служби при Општина Берово.
-Со цел да им го олесниме пристапот на жителите од населените места, денеска, започнува да се реализира бесплатниот јавен превоз, на територијата на општина Берово. Притоа граѓаните ќе имаат можност секој четврток да ги користат услугите, со претходна најава на телефонскиот број 033/471-057, рече Пекевски.
Се надевам дека со оваа мерка, ќе им го олесниме пристапот на жителите од населените места до Берово.
-Со оваа услуга се надеваме дека жителите ќе можат навреме да ги планираат своите обврски и ќе придонесеме кон подобрување на квалитетот на живот на жителите од населените места, на територијата на Општина Берово, додаде Пекевски.
Средствата кои се потребни за реализација на оваа услуга, ќе бидат целосно на товар на општина Берово и истите се обезбедени во Буџетот на општина Берово, за 2023 година
Leave a Reply