Домот за стари лица во Берово добива сопствена кујна за корисниците

По целосна изградба и опремување, наскоро во Домот за стари лица во Берово, корисниците ќе се хранат преку сопствената кујна.

Привршуваат активностите за почеток со работа, на реконструираниот објект, кој ќе понуди нова услуга за корисниците.

-Сметаме дека преку обезбедување на сопствен оброк за корисниците, во домот за стари лица, ќе се подобрат услугите во установата, корисниците ќе бидат задоволни, а воедно ќе се овозможат дополнителни работни места, а се надевам и дополнителни социјални услуги, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Домот за стари лица во Берово, е единствената установа од ваков тип во источниот регион и унапредувањето на услугите во установата, е од големо значење за населението од целиот источен регион.

Во установата, исто така, во тек се активности за реконструкција на четвртата ламела, со што континуирано работиме на унапредување на услугите кои се нудат и зголемување на капацитетите за корисниците.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*