Локалната акциска група ,,Малеш – Пијанец” продолжува со теренските средби со жителите од руралните средини

 Претставници на Локалната акциска група ,,Малеш-Пијанец” продолжуваат со теренските средби со фокус групи на територијата на Пијанечко-малешевскиот регион. Активноста се реализира во рамки на Програмата за развој на зедницата, во чии рамки, беа посетени неколку села кои потпаѓаат на овој регион.

-Во изминатиот период беа остварени средби со членови на месни заедници во селата Русиново и Владимирово од Општина Берово, како и селото Драмче во Општина Делчево. Жителите од овие три села ги споделија нивните идеи и прироритети за подобрување на условите за живот и развој на нивните рурални средини, истакнаа од ЛАГ ,,Малеш-Пијанец”.

Целта на програмата како што додадоа оттаму е да се слушнат проблемите на жителите од руралните средини, со акцент на жените претприемачи.

-Исто така се оствари средба и со жените претприемачи од Пехчево, со кои разговаравме за проблемите со кои се соочуваат во општината и на што треба да се стави акцент за подобро справување со овие предизвици, додадоа од ЛАГ ,,Малеш-Пијанец”.

Програма за развој на заедницата е финансиран од УСАИД, а имплементиран од страна на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и Локалната акциска група Малеш-Пијанец како локален партнер во реализација на активностите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*