Велигденски хепенинг во Берово

Во организација на Домот на култура ,,Димитар Беровски”, по повод големиот христијански празник Велигден, во недела на плоштадот во Берово се одржа традиционалниот Велигденски концерт. Настанот се реализираше во соработка со Општина Берово, а во рамки на концертот беа предвидено повеќе содржини.

Во склоп на велигденската прослава и Велигденскиот концерт кој ќе се одржи со почеток во 12 часот на самиот ден Велигден (16.04.2023) се одржа традиционалниот натпревар за Избор на најцврсто јајце – качор. Притоа се доделија две награди и тоа прва награда во износ од  5.000 денари и втора награда, во износ од 3.000 денари.

Прославата беше збогатена со Културно уметничка програма и изложба на украсени велегденски јајца, изработени од децата од детската градинка и основните училишта и презентација на украси изработени од учениците од ОСУ ,,Ацо Русковски” (текстилна насока).

Свое обраќање пред присутните имаше беровскиот градоначалник Звонко Пекевски:

-Денеска е еден од најголемите празници за сите христијани, празникот над празниците, празник на победата над смртта, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и кога го славиме повторното раѓање на нов живот, радост и верба.

Ви го честитам големиот христијански празник ВЕЛИГДЕН и Ви посакувам убаво да го поминете празникот на Христовото воскресение, како најсреќен ден во годината , со вашите најблиски, опкружени со љубов, среќа и благослов од Бога.

Да си посакаме најискрени желби, за многу здравје, среќа, благосостојба, мир солидарност, хармонија, просперитет и почитување на големите христијански празници.

Христос воскресе, навистина воскресе!

ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН, ЗА МНОГУ ГОДИНИ!, рече Пекевски пред присутните.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*