Сообраќајка кај с.Стамер, регионалниот сообраќај пренасочен по стариот пат Делчево – Тработивиште

Поради сообраќајна несреќа во атарот на село Стамер, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово во моментот е пренасочен преку стариот пат Тработивиште – Делчево, информираа од кол центарот на СВР Штип, а информацијата ја потврдија од делчевската полиција.

Според информациите на Итната медицинска помош која интервенирала на терен, во несреќата три лица се повредени.

-Кај повредените констатирана е повреда на појасна кичма со колкови, повреда на глава со повредна рана и повреда на вратна кичма со повреда на глава, информираа од Итната медицинска помош во Делчево.

Повеќе детали за несреќата од делчевската полиција најавија во текот на вечерта.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*