Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во Делчево

Во мултифункционалниот центар во Делчево се одржа трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминацијата. Настанот на кој учествуваа претставници на повеќе невладини организации од Делчево го организираше Комисијата за антидискриминација како независно самостојно тело основано од Собранието, чиј претседател Исмаил Канбери, истакна дека се работи за проект кој се реализира во соработка со Мрежата за дискриминација.

-Едната од активностите од тој проект е да имаме Отворени денови во различни општини. Вкупно покриваме 28 општини, а целта е да кажеме што работи Комисијата, кои се одговорностите и како можат граѓаните да поднесат претставка, кои се начините на поднесување претставка, кои се резултатите од работењето на комисијата и како комисијата може да помогне на граѓаните, рече Камбери.

Од досегашните средби со граѓански организации и населението, Камбери издвои неколку видови на дискриминација за кои алармирале граѓаните.

-Досега барем на овие настани за тоа што се разговара е дискриминацијата во областа на работата и однос на работните односи значи врз основ на политичко убедување, општествен статус, возраст итн. Убава работа од овие настани е што можеме на граѓаните ки што имаат недоумици да им помогнеме да дознаат дали потенцијално врз нив се врши дискриминација да препознаат дискриминација за да поднесат претставка кај нас. Се надевам дека дополнителен исход на овие средби е да добиеме нови претставки од страна на било кој чинител присутен тука со цел да добиеме едно поправично општество, додаде Камбери.

Наташа Петковска, правна советничка во Хелсинчкиот комитет за човекови права додаде дека овие средби се само дел од активностите кои Комисијата ги реализира во рамки на проектот „Видливи, здружени и гласни“ како еден вид акција за недискриминација и еднакво учество преку мулти-секторска соработка. 

-Нашата идеја со оваа активност е да излеземе малку од рамките на Скопје, односно на тој регион да се прошириме во останатите региони во државата со цел да ја направиме Комисијата за спречување и заштита од дискриминација препознатлива и во другите региони. Целта е да се поврземе и со локалното население, меѓутоа и со локалната самоуправа, како ефективен начин на спречување и заштита од дискриминација, додаде Петковска.

За претставникот на Невладината организација „КХАМ“, Зоран Бковски, ова е многу важна активност се со цел институциите и граѓанскиот сектор од една страна да се запознаат со улогата на самата комисија, како таа дејствува, кои се примерите на дискриминација, а од друга страна и самите Граѓански организации да можат потребите да ги наметнат пред самата комисија.

-Денес е ден кога ќе ја промовираме работата на комисијата за заштита од дискриминација до граќанскиот сектор и институциите на локално ниво кои треба да обезбедат пристап до правда на граѓаните.  Се надевам со ова ќе направиме еден исчекор напред, велиме исчекор напред затоа што се планира и трибина со самите граѓани кога самата комисија ќе се презентира пред самите нив и граѓаните кои што се во одредени предизвици ќе можат да ги наметнат своите прашања пред самата комисија, рече Биковски.

Активноста се реализира во соработка со Хелсиншкиот комитет и здружението на млади правници, а е финансиски поддржана од Цивика.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*