
Во Делчево спроведена акција за заловување кучиња скитиници. Акцијата се спроведе на барање на Општина Делчево во соработка со Ветеринарната станица од Виница како економски оператор со кој потпишан е договор по претходно спроведена јавна набавка. Договорот како што информираа од Општината опфаќа услуги за заловување, интервенции и хуман третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани кучиња и регистрирани кучиња затекнати на јавна површина без присуство на сопственикот.
-Во рамки на денешната акција беа заловени десетина кучиња скитници, од страна на Ветеринарната станица од Виница која е должна да изврши заловување, прифаќање и третирање на кучиња скитници во Општина Делчево, по претходно писмено барање и во присуство на службени лица вработени во Општина Делчево, со комплетна евиденција за секое фатено куче и извештај доставен до Општината, а согласно позитивните законски прописи од оваа област, информираа од Општината.
Во случај на заловување на регистрирани кучиња на територијата на Општина Делчево, економскиот оператор е должен сам да стапи во контакт со сопствениците и трошоците за третман да ги наплати од самите сопственици.
-Економскиот оператор согласно договорот има право да врши испитувања и дејствија врз кучињата, а согласно Законот за заштита и благосостојба на животните. Тука спаѓа заловување и чување на регистрираните и нерегистрираните кучиња, лабараториско испитување за заразна болест лајшманиоза овариохистеректомија (стерилизација) на кучиња – женки, орхиектомија (кастрација) на кучиња – машки, идентификација и регистрација – обележување со микрочип и ушни маркички со изработка на досие вакцинација против беснило и дехелментизација со средство кое делува против ехинококоза како и тест за социјализација на куче и еутаназија, додадоа од Општината.
Вредноста на договорот изнесува 500 илјади денари без вклучен ДДВ, парични средства кои се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево за 2023 годин
Leave a Reply