Сара Ангелова финалист на 10-тото јубилејно издание на Меѓународниот фестивал ,,Литературни искри”

Сара Ангелова, ученичка во СОУ ,,М.М.Брицо” Делчево е меѓу десетте најдобри учесници на Меѓународниот фестивал Литературни Искри кој по јубилеен 10-ти пат се одржа во Гостивар.

Веста за успехот на Ангелова ја пренесуваме интегрално од објавата на фб страната на Меѓународниот фестивал:

Почитувани,
по оценувањето на тричлената жири комисија во состав: Маја Апостолоска , Бранко Цветкоски и Слаѓана Брезовска, во двете возрасни категории годинешни финалисти на десеттото фестивалско издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“2023 се:

ТАРА ЕДУАРД, Ијаши, Романија

МАРИЈА ЈАНЧЕВСКА, Скопје, Македонија

ДИМИТРА ДЕСАНОВСКА, Битола, Македонија

АНЕТА ВЕЛКОСКА ОДА, Скопје, Македонија

ДЕСАНКА НИКОЛОВА, Велес, Македонија

ДУШАН СТОЈКОВИЌ, Грделица, Србија

ФРОСИНА ТАСЕВСКА, Штип, Македонија

САРА ЃОРЃИЈОСКА, Куманово, Македонија

АЛЕКСАНДРА ВУЈИШИЌ, Подгорица, Црна Гора

СИЛВАНА ДИМИТРИЕВСКА, Скопје, Македонија

ЛИДИЈА РАЗМОСКА ТРИМОВСКА, Скопје, Македонија

САРА АНГЕЛОВА, Делчево, Македонија

Честитки!!!

Овие финалисти конкурираат за наградите: Гран при, прва, втора и трета награда, Награда за најдобар странски автор и Најуспешна млада поетска искра.
Наградите се плакети , дипломи и признанија, се вели во објавата на фб страната на реномираниот Меѓународен фестивал.

За одбележување е и информацијата дека во заедничката збирка Литературни искри 2023 со своја творба застапена е и ученичката Ева Ивановска која исто така е ученик во гимназијата Методи Митевски – Брицо.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*