Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Делчево – М.Каменица

Камион и комби возило учествуваа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Делчево – М.Каменица која денес околу 14:30 часот се случи кај местото Манасово Маало. 

Во моментот според добиените информации од делчевската полиција, нема повредени лица, а сообраќајот се одвива непречено.

Камионот и комби возилото како што додадоа оттаму се уште се наоѓаат на коловозот, а во тек е и увид на местото на настанот.

Поради дождот кој со прекини од утрово паѓа во Пијанечкиот регион, сообраќајот на магистралата А3 се одвива по влажни коловози , заради што надлежните апелираа на претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*