,,Книга, за поквалитетно време” – делчевската библиотека со иницијатива како да се надминат предизвиците на модерното време

Поттикнати од неодмнешните случувања во Србија под мотото „Книга-за поквалитетно време“, Јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево реализираше активност чија примарна цел е да де даде акцент на книгата и за тоа зошто е подобро децата наместо мобилен во раце да држат книга, зошто е подобро наместо да гледаат во мобилен да читаат книги. Во активноста покрај директорката на Јавната локална библиотека ,,Илинден” се вклучија др. Билјана Георгиевска, психијатар во Здравствениот дом „Гоце Делчев“ , Габриела Цинцовска, психолог и Билјана Дончевска, педагог во деветолетката „Ванчо Прке“ кои секоја, од свој аспект даде свој осврт  на оваа тема.

-Она што неодамна се случи во Србија не потресе, загрижи и натажи сите. Каде грешиме со нашите деца? Кој е виновен? Целиот систем, родителите, децата или сите заедно. Денешните деца уште не научиле да одат, држат мобиен во рака. Модерното време носи секакви нешта по социјалните мрежи, тик- ток, видео игри полни насилство и што ли уште не. Не сакаме да молчиме, туку да зборуваме , да дејствуваме , да промениме. Од тие причини  и под мотото „Книга-за поквалитетно време“, ЈЛБ„Илинден“-Делчево одлучи да ја реализира активноста со која сакаме да покажеме за тоа зошто е подобро децата наместо мобилен во раце да држат книга, зошто е подобро наместо да гледаат во мобилен да читаат книги, истакна директорката на ЈЛБ ,,Илинден”.

Според Петровска само по себе се наметнува прашањето што треба да се случи за во времето во кое живееме, децата сериозно да го сватат животот. 

-Тие мислат дека се е видео игра и така и се однесуваат. Сите сме биле деца и сме имале проблеми , насилството, понижувањето, исмевањето од секогаш постоеле па на никој не му паѓало на памет да пука да убива…Денеска децата било кој вид на исмејување го сваќаат  премногу сериозно. Училиштата не смеа да казнуваат,  децата се заштитени, со право и така треба, но тие знаат тоа да го злоупотребат. Родителите немаа време да зборуваат со децата, да видат што гледаат на своите мобилни, да видат со кој се допишуваат, кои јутјубери ги следат и кои се нивни идоли, вели Петровска.

Феноменот „амбициозен родител“ според неа е исто така многу застапен. Тој вид на притисок на родителите врз децата, не ретко има штетни последици по менталното и емоционалното здравје на децата.

-Некогаш наставниците беа строги, имаа право да казнат, да ударат шамар, или со прачка по рака, и со истите тие наставници подоцна сме биле добри пријатели оти со казна по заслуга, не научиле како да  почитуваме, да помагаме, да покажуваме емоција. Зошто во времето во кое живееме не е хит и модерно да читаш и да бидеш најдобар ученик. Зошто учениците со сите петки не се нарекуваат генијалци туку бубалици. Зошто децата не се некој фактор меѓу своите врсници по бројот на прочитани книги или создадени творби, туку по бројот на лајкови и следачи, додава Петровска.

Животот денес според директорката на делчевската установа стана искушение, наместо награда, па така и воспитувањето веќе не е давање, туку се сведува на забранување. Според Петровска ако децата наместо да гледаат по цел ден во мобилниот и играат видео игри или гледаат секакви видеа, читаат книга или спортуваат или било каков друг вид на корисно хоби, времето ќе им поминува поубаво, поквалитетно, а тие ќе бидат деца. 

-Децата  се нишка со која ја чуваме иднината, да се погрижиме таа да биде светла. Ги покануваме сите деца и оние кои се наши членови и оние кое не се, дојдете, да позборуваме, да се дружиме да ви понудиме книга за ваша возраст.Пробајте, книгата нуди широки хоризонти во кои сигурно поубаво ќе се чувствувате, отколку да следите некој јутјубер, некоја видео игра во која се пука или социјални мрежи на кои се омаловажува и навредува  подвлече директорката на делчевската библиотека.

Околу самиот факт дека не може да се биде имун за се она што се случува околу нас се согласува и делчевскиот психијатар Билјана Георгиевска која вели дека тоа се должи на фактот што живееме во едно многу брзо и стресно време, кога повеќето се стремат да ги постигнат своите амбиции и во таа трка со материјалното забораваат на она што е највредно, а тоа е да им се посвети доволно време на децата.    

-Токму поради тоа голем број на деца се повлекуваат, се затвараат во себе и не разговараат за своите проблеми. Релацијата родител–дете, модерниот начин на живот,   влијанието   на   социјалните   медиуми   има   влијание   врз   развитокот, менталното здравје на најмладите и однесувањето на децата, вели Георгиевска.

Според неа постои сложена комбинација на фактори кои доведуваат до зголемен ризик од насилно   однесување   кај   децата како што се претходно   агресивно   однесување,   жртва   на физичка  или  сексуална  злоупотреба,  изложеност  на  насилство  во  домот, изложеност на насилство во медиуми, комбинација на стресни социо-економски фактори.     

-Кај адолсцентите популарноста станува се поважна во врсничките односи и младите почнуваат да го усвојуваат или прилагодуваат своето однесување и да одговорат на нормите на одредени групи на кои сакаат да се придружат. Наша работа е   како  возрасни  да направиме децата да се   чувствуваат безбедни, во средина која ќе им овозможи правилен раст и развој. 

Насилството е научено однесување. Се поголемото присуство особено на адолесцентите на социјалните мрежи може како корисни да има и огромни штетни последици особено додека се во вулнерабилниот период, во кој активно се обидуваат да откријат кои се тие и како   се   вклопуваат   во   општеството   и   се   со   интензивна   желба   да   бидат популарни и прифатени, вели делчевскиот психијатар.

Според неа особено е важно родителите да бидат свесни за тоа како социјалните медиуми и комуникациите може да влијаат на расположението и нивното однесување.        

-Да   му   помогнеме   и   насочиме   детето   да   ги   развие   и   усвои   моралните вредности,   да   поминува   квалитетно   време   занимавајќи   се   со   одредениактивности кои ќе му помогнат во неговиот равој – да се занимава со спорт, да чита книги, што помалку време на интернет и социјални медиуми.    Најдобро стимулативно средство за правилен детски развој е книгата, а детето во овој свет треба да го воведеме многу мало, уште пред да наполни една година, децидна е Георгиевска.

Самиот процес на читање на книги според неа  придонесува за позитивен социјален иемоционален развој, го стимулира детето да размислува, да поставува прашања, да   даде   одговор,   со   еден   збор   се   учи   да   биде   конструктивен  соговорник   во иднина   и   да   развива   култура   на   дијалог. 

-Да  резимираме   на   крај   со   еднареченица- треба да се посвети внимание на детето и да се одговори на неговитепотреби. Да одвоиме квалитетно време и да имаме редовна комуникација, да гопрашаме   како   му   поминал   денот,   дали   нешто   се   случило,   да   ги   уважимечувствата   и   да   му   дадеме   совет   ако   е   потребно   а   ако  приметиме   соодветнонарушување да побараме стручна помош, подвлече психијатарот во делчевскиот здравствен дом.

Во својот пристап како педагог во училиштето ,,Ванчо Прке” психологот Габриела Симеоновска на оваа тема додава дека во разговорите со учениците, во зависност од нивната возраст, а најмногу кај помалата возраст, во советувањето на децата користат разни содржини на сликовници, омилени ликови од лектири кои ги прочитале. 

-Ние им сугерираме да земат убава книга која ја сакаат не мора тоа да е лектира, бидејќи читањето смирува и релаксира. Преку еден пријателски разговор ги анализираме и дознаваме што им се допаѓа,   а секако преку таквите разговори, тие си ги искажуваат своите внатрешни доживувања. Затоа е добро кога ќе читаат книга сами да размислат кој од ликовите ќе го окарактеризираат како позитивна или негативна личност, секако тука ги анализираат и нивните постапки. Затоа е потребно да се даваат добри примери од прочитаните лектири бидејќи на нив  социјалните мрежи многу поинаку им ги претставуваат нивните врсници, се повеќе се јунаци кои прават недолични работи и за жал тие се поистоветуваат со нив, вели Сименовска.

Нејзиниот совет како педагог би бил  учениците повеќе да читаат, а помалку да го поминуваат времето на интернет. 

-Еве овде е и директорката на ЈЛБ ,,Илинден”, која секогаш е расположена и ги поканува нашите ученици да ја посетуваат градската библиотека, многу често им донира многу сликовници и многу книги за сите возрасти, се организираат многу литературни конкурси и културни настани на кое и ние даваме подршка , за да можат учениците  уште од мала возраст да ја развијат  љубовта кон пишаниот збор, заврши Симеоновска.

Со слични заклучоци е и психологот Билјана Дончевска која од секојдневните разговори со учениците за начинот на кој тие го поминуваат слободното време тие со своите одговори јасно ставаат до знаење дека  живееме во период во кој технологијата ни е неопходна и секојдневно ја користиме, но од друга страна потребно е да се направи разлика и на децата да им се објаснат позитивните, но и негативните страни од тоа. 

-Во разговори со децата доаѓаме до заклучок дека поголемиот дел од нив слободното време го поминуваат на интернет. Преку тие разговори им даваме до знаење дека прекумерното користење на социјалните мрежи и те како ги забавува емоционалниот и менталниот развој на децата. Многу често тие се наоѓаат во ситуација да имитираат ликови. Јас најчесто апелирам до нив дел од слободното време да го искористат за да прочитаат некоја книга. Не мора да биде тоа лектира која е зададена од училиштето, напротив тоа може да  биде и слободна литература, во зависност од интересот на детето, потенцира Дончевска.

Со читањето како што додава таа се развиваат комуникациските вештини кај децата и се поттикнува размислувањето. Читањето потенцира дека може да биде одличен начин за развој на емоциите кај децата посебно емпатијата, затоа што кога детето чита влегуваме во една друга ситуација во која гледа од перспектива на другиот. 

-Исто така тоа има големо влијание врз менталното здравје со тоа што ја зголемува креативноста и ја зајакнува функционалноста на мозокот. Затоа според мене тоа е еден од начините на кој квалитетно можеме да го поминеме слободното време. И повторно ќе кажам ние сме тие кои треба да им објасниме на децата зошто нешто е добро да го правиме и кои се придобивките од него, а од друга страна имаме нешто што го забрануваме односно го ограничуваме на некој начин и кои се последиците од тоа, додава Дончевска.

Напоменува дека мораме да зборуваме многу за децата да разберат што е добро а што не. Подвлече дека сите заедно и тие како училиште и родителите можат да влијаат врз начинот на тоа како децата да го искористат слободното време, а со тоа да придонесат за нивниот развој.

Кога се книгите во прашање и нивното промовирање како решение како квалитетно да се помине времето во моментот ова училиштето започна акција за собирање на лектирни изданија во која учениците ќе можат да донираат стари лектири, се со цел да ја ја збогатат училишната библиотека со нови наслови и содржини.

Како дел од активноста ,,Книга за поквалитетно време” Јавната локална библиотека ,,Илинден“ на првите пет деца кои денес ќе се зачленат во библиотеката ќе им подари книга.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*