Делчевската деветолетката „Ванчо Прке” го прославува патрониот празник

Делчевската деветолетката „Ванчо Прке” денеска го прославува патрониот празник. По тој повод во училиштето се организираше пригоден коктел на кој присуствуваше градоначалникот Горан Трајковски со претставници од Општина Делчево.

Испраќајки честитка до вработените и учениците во училиштето Трајковски истакна дека Делчево е гордо на успесите во воспитно-образовниот процес на училиштето кое годинава ја испишува 51-та година од постоењето.

При посетата на училиштето градоначалникот Трајковски изврши увид во градежните работи за реконструкција на тоалетите кои се во завршна фаза, а исто така ја посети и ликовната изложба на учениците од шесто до деветто одделение како и новоизработеното катче во холот на училиштето на кое се поставени пехарите од постигањата на учениците и нивните ментори на разни натпревари.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*