Општините Делчево и Берово во најтранспарентните општини во државата

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, согласно своите надлежности, изврши мониторинг на 89 иматели, односно на веб страниците на општините, Заедницата на единиците на локална самоуправа и Центрите за развој на плански региони, а објавени на Листата на иматели на информации на веб страната на Агенцијата. Мониторингот беше спроведен во периодот од 10 април до 15 мај 2023 година.

Проактивно објавените информации на имателите треба да бидат лесно достапни и разбирливи, да можат да се употребат, да бидат релевантни за граѓаните и истите редовно да се ажурираат. Информацијата е предуслов за одговорна власт и основа за демократските процеси-информациите за работата на имателите им овозможуваат на граѓаните адекватно да донесуваат заклучоци и да партиципираат во носењето на одлуки за прашања кои се од нивен интерес. Транспарентноста и пристапот до информациите од јавен карактер се неделиви инструменти во борба против корупцијата.

Според резултатите од мониторингот, најтранспарентни се Општините Валандово, Демир Хисар, Берово, Битола и Делчево со 58 односно 57 бодови, а по нив се трите општини со 56 бодови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*