Саем на книга на ,,Култура” во Пехчево

Денеска во библиотеката “Кочо Рацин” во Пехчево се одржа Саем на книга на издавачката куќа “Култура”. Специјална гостинка беше познатата македонска писателка Милијана Павловска, која како што информираа од установата воедно е и најчитана авторка во пехчевската библиотека.

Ученици, средношколци, дечињата од градинката, наставници, пензионери, читатели на библиотеката, соработници, љубители на добрата книга беа дел од денешниот настан.

Убав настан, прекрасни гости и најдобра публика. Ви благодарам Милијана, Биби, Горде за убавата атмосфера што се создаде во библиотеката, се вели во објавата на МБ ,,Кочо Рацин”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*