
Советот на Општина Македонска Каменица, на одржаната XXIII седница, донесе одлука за зголемување на финансиската помош за санирање на штетите по силното невреме кое ја зафати соседната општина Делчево.
Така, првично најавената помош од 500 000 денари, која градоначалникот Димчо Атанасовски ја најави веднаш по невремето, денеска беше зголемена на 600 000 денари.

– Поради невремето што го зафати нашиот соседен град Делчево кое што остави фатални последоци од поплава и големи материјални штети кај населението Општина Македонска Каменица ќе донира парични средства во износ од 500 000 денари, уште веднаш по случувањата во Делчево најави градоначалникот Атанасовски, средства кои ќе бидат донирани со цел санирање на штетите во најбрз можен рок.

Одлуката за зголемување на средствата, со девет гласа ЗА и еден воздржан глас, беше изгласана по предлог на советникот од независната листа на советници, Дарко Гоцевски. Како што образложи Гоцевски, зголемувањето на средствата го иницира бидејќи штетите по имотите на граѓаните и инфраструктурата во Делчево се огромни и секоја помош е добредојдена.
Leave a Reply