Низа настани по повод Денот на ослободувањето на Делчево и Денот на независноста на Македонија

Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на настаните организирани по повод одбележувањето на двата значајни датуми за Делчево, Денот на ослободувањето на Делчево, 7 Септември и Денот на независноста на Македонија, 8 Септември.

По тој повод, Општина Делчево во соработка со НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“,ЈЛБ „Илинден“, КУД „Гоце Делчев“ ја организира следната програма:

Среда, 06.09.2023
13:00 ч. – Христијански светители –самостојна изложба на Влатко Анчов  (мултифункционална сала Спомен-дом АСНОМ)

Четврток 07.09.2023
10:00 ч. – Положување свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во центарот на Делчево;
10:30 ч.-  Свеченoст по повод 7 Септември (мултифункционален центар Спомен-дом АСНОМ)
19:00 ч.- Меѓународен фестивал на хумор,сатира и карикатура (мултифункционален центар Спомен-дом АСНОМ)

 Сабота, 09.09.2023
 11:00 ч. Делчево-фест и Пијанечко-Малешевска свадба (летна сцена ).

19.30ч Кабаре „Првиот Алцхајмер не се заборава“- изведба „Грбави танги“ од Белград  (киносала Делчево)

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*