До утре пријавување за 9-тиот традиционален планинарски марш Голак 2023

ПЛАНИНАРСКИ СПОРТСКИ КЛУБ ГОЛАК Делчево,во соработка со Федерацијата за планинарство на РС.Македонија и Општина Делчево,на ден 17 септември 2023 година (недела), организира 9-ти традиционален планинарски марш,со следната маршута :
Град Делчево 595 м.н.в. – Ветровити Рид 753 м.н.в. – Богородичка Полјана 900 м.н.в. – Милосова Чешма 1040 м.н.в. – Стари Голак 1300 м.н.в. – Спортски Терени 1400 м.н.в. – Врв Чавка 1538 м.н.в. – Манастир Св.Пантелејмон кој се наоѓа на врв Мала Чавка 1508 м.н.в.Се враќаме по друга патека односно од Спортските терени 1400 м.н.в. – Стари Голак 1300 м.н.в. – Долна Богданица 946 м.н.в. – Трајанов Рид 730 м.н.в. – Манастрир Св.Богородица Балаклија 650 м.н.в. – Делчево 595 м.н.в. Можно е патеката да ја промениме по обратен редослед, поради поубав панорамски поглед кон градот Делчево и пијанечката котлина.
-Патеката во еден правец е долга 12 км,со висинска разлика околу 1000 метри и истата се искачува за 3 часа и 30 минути а се слегува за 2 часа.Истата е маркирана и добро позната на организаторот бидејќи е помината многу пати.Се минува низ дабова,габерова и борова шума.

  • Патеката на некои места минува низ густа шума и не е опасна,но сепак треба да се внимава и да се почитува препораката на водичите.Патеката е регистирана во ФПСМ како и во оопштина Делчево.
  • Патеката е категоризирана во средно тешка.
  • Потребна Опрема :
    Облека за заштита од сонце за летни услови , Наочари за сонце со УВ заштита , Капа , Марама , Креми за сонце,Полувисоки ообувки за летно време,Ранец за еднодневна акција најмалку 20 литри,Планинарски стапчиња,Прибор за лична хигиена,медикаменти,мала прва помош,Крпа за лице и раце,Прибор за јадење (чинија,вилушка,лажица,нож) како и шише за вода од најмалку 1.5 литри.
    -Ден 17 септември 2023 год.(недела) собирање на учесниците од 07.30 до 07:55 часот.Тргнување во 08 часот од центарот на Делчево –паркинг позади црковниот храм Св.Кирил и Методиј од каде продолжуваме кон врвот Чавка 1538 м.н.в..Во 12 часот и 30 минути ќе имаме ручек (планинарско гравче) со салата,кои се обезбедени од организаторот,како и доделувања на благодарници за учесниците.Во 14.30 е враќање назад кон Делчево.
    ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ : Потребно е сите учесници да се придржуваат на упатствата и препораките од организаторот.
    Дополнителна исхрана :
    Секој сам си носи исхрана од ранец по своја желба, суво овошје ,свежо овошје и зеленчук,џусови, жен шен енергетски тоник ( zegin ), магнезиум , електролити ……..
    НАПОМЕНА :
    -Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведената планинарска акција е организирана и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат некој, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
    Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведената планинарска акција, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
    ИНФОРМАЦИЈА: – Од самиот врв МАЛА ЧАВКА (СВ ПАНТЕЛЕЈМОН) 1508 м.н.в.(доколку некој сака да го искачи дополнително после врвоот ЧАВКА 1538 м.н.в.) има прекрасен поглед кон планините Рила и Пирин во Р.Бугарија како и на нашите планини Осогово,Влаина,Малешевски Планини,Плачковица,Средна,Обозна.Прекрасен поглед на Кочанската котлина и на езерото Калиманци.
    Организација : ПСК ГОЛАК Делчево.
    Водич: Љупчо Чучуковски
    Помошник водич: Ќе бидат кажани на денот на тргнување кои ќе бидат најмалку 5-ца.
    ПРИЈАВУВАЊЕ : Најдоцна до 14 септември 2023 год.(четврток) кај Претседател Дипл.шум.инж.Љупчо Чучуковски на телефон 070 605 137 или на е-маил psdgolakdelchevo@yahoo.com
    ПОЗДРАВ И ВЕ ОЧЕКУВАМЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВОЈ ПЛАНИНАРСКИ СОБИР НА ПЛАНИНАТА ГОЛАК (ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО – ОБЛАСТ ПИЈАНЕЦ (ДЕЛЧЕВСКА)) !!!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*