
На 13.10.2023 год (петок) во киносалата во Пехчево со почеток во 19.00 часот ќе биде прикажана урнебесната комедија која ке ве насмее до солзи ,,ЈЗУ Европа”.
Двајца другари, кумови Манојло и Сотир завршуваат во болница на полуинтензивно одделение удирајќи се еден со друг со своите автомобили. Нивниот балкански менталитет ке се обиде да го поправи сестра Анастазија и да ги направи вистински Европејци.

ЈЗУ Европа ке ја излекува вашата депресија, вашата нервоза со дупла доза смеа.
Затоа немајте изговори туку погледнете ја претставата и насмејте се до солзи.

Leave a Reply