Едно лице повредено во сообраќајка на влезот во Делчево

Едно лице е повредено во сообраќајка на влезот на Делчево. До несреќата дошло откако се судриле патничко возило и мопед, по што интервенирала Итната медицинска помош.

Во телефонски разговор со дежурните оод службата, повреденото лице се пожалило на болки во нозете, поради што со возило на Итната медицинска помош е на пат кон најблискиот клинички центар.

Во моментот сообраќајна полиција го регулира сообраќајот на магистралата А3 на раскрсницата кај бензинската пумпа Дади Компани каде што се случи самата несреќа.

Од полицијата повеќе детали најавија во текот на вечерните часови.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*