
Денеска во посета на библиотеката во Пехчево беа дечињата од ОЈУДГ”7 Септември” – голема група со воспитувачката Розмарина Мицевска и негувателката Даниела Денковска.
Темата како што информираа од библиотеката беше: “Мојата омилена сликовница – читаме,цртаме и раскажуваме”, а библиотекарките им подготвија илустрации со емотикони “Препознајте ги емоциите”.
-Целта беше дечињата да ги препознаат различните емоции според изразот на ликот. Беше прекрасно дружењето со дечињата,а крајот го краси делото кога сите заедно пеевме и игравме. Настанот се случи по повод Месец на книгата, додадоа од МБ „Кочо Рацин“ Пехчево.
Во продолжение видео и фотографии од настанот:















































Leave a Reply