
По освојувањето на бронзениот медал на ЕП во 2022 година, Петар Богдановски направи историски резултат станувајки првиот македонски јуниор со медал на ЕП, најголемиот успех во историјата на бодибилдингот во Македонија.

После една година боди билдерот по потекло од Делчево повторно на сцена, но овој пат како сениор во поголема и посилна конкуренција. Пред 2 недели тој се натпреваруваше на Арнолд Класик Европа, второто најпрестижно натпреварување во светот после Mr. OLYMPIA, на кое се пласираше во финалето во топ 6 во огромна и силна конкуренција.

Оваа недела Богдановски заедно со
македонската репрезентација отпатува на Светското првенство кое се одржува во Шпанија на кое ќе настапат 2000 натпреварувачи од 142 земји од
целиот свет. Таму ќе се бори повторно за финале во неговата категорија
која брои повеќе од 25 натпреварувачи.
Како најмлад на 24 годишна возраст ќе стои ,,рамо до рамо” со над 10 години постарите и поискусни од него.
Да му посакаме среќа и успех надевајки се да ја претстави Македонија во најдобро светло.






Leave a Reply