
Ученичката Андреа Толевска од Делчево која преку ученичка размена пред две години замина да се дообразува во Англија, денес пред своите поранешни сокласници и дел од средношколците во гимназијата Методи Митевски Брицо ги презентираше можностите кои ги нуди англискиот образовен систем. Акцент на презентацијата беше ставен на бенефициите од програмата за размена на ученици во Америка и програмата за размена во Англија која дозволува две години средно училиште наместо една година како што тоа е во Америка
-Јас сум Андреа Толевска ученик во средно училиште во Англија и бивш ученик во СОУ ,,М.М.Брицо” во Делчево. Денеска направивме една презентација да им објасниме на учениците како јас успеав да учам во средно училиште во Англија и исто така кои се бенефициите од програмата за размена на ученици во Америка и програмата за разменна во Англија која дозволува две години средно училиште, со цел да се продолжи и факултет таму, рече Толевска
Сппред неа школувањето во Англија е неверојатно искуство кое го има како дел од тамошното Рајт Скул.
-Неверојатно искуство затоа што тоа не е само училиштето, туку запознаваш голем дел на други некои ученици, кои што стануваат како дел од фамилија и кои се надевам ќе ги паметам цел живот. Рајт Скул училиштето во Англија кое се наоѓа на островот Ајл оф Вајт има околу 900 ученици, познато е како и сите други по изборот на три предмети во Средното училиште во зависност од ученикот, додаде Толевска.

Најголем дел од учениците кои се дел од училишната размена, како што додаде, се од Германија, но има и други ученици од Балланот.
-Искрено највеќе има од Германија околу 20 има само во интернатот каде живеам, но има и ученици од други држави, еден од стипендистите како мене е од Црна Гора, но и има и од многу други земји како Америка Кина, итн… потенцира Толевска.

Тамошното искуство и помогнало навистина и помогнало да го најде она што е вистинскиот предмет за неа за студирањето во иднина, помагајки и исто така да изгради една база, која што ќе ја насочи во доизградбата на нејзината личност.
Како поранешен ракометар Толевска активно ги користи и можностите за спортување кои како што кажа таа, таму се огромни.

-За жал ракометот не е толку познат како во Македонија, но се обидувам да пробам нет-бол и хокеј, нешто што го немам пробано и го нема кај нас. Значи немам некој стриктен спорт, но се обидувам да пробам од се по нешто, додава Толевска.
На крај упати порака да се пробаат можностите за студирање преку училишните размени, бидејки нема што да се изгуби. Според неа, се работи за само една прилика и незаборавно искуство, кое не треба да се пропушти.
Leave a Reply