
Во Пехчево заврши реализацијата на проектната акција чија крајна цел беше изградба на дренажа и внатрешна реконструкција на градинка ,,7 Септември” во с.Црник. Со активноста која е се реализира со поддршка на повеќе чинители, овозможен е целодневен престој на дечињата во градинката и долгогодишниот проблем со посточеката влага во установата кој целосно е решен.
За директорката на установата Васка Симовска многу значајно е затоа што со реализацијата на проектот градинката обезеди можност за сите родители да ги носат децата во целодневен престој, за да можат нивните мајки да одат на работа.
-Тоа ни беше приоритет и барање од родителите за што успеавме да го постигнеме. Паралелно просторот сега е доопремен и доуреден бидејки беше во лоша состојба, од огромен бенефит за селото градинката и општината зароа што овозможивме највисоки нормативи да можат децата да престојуваат во Детската градинка, рече Симовска.

За Суад Скендери од Институот Ромалитико кој е проектен директор на проектот, најголемо задоволство од истиот е решавањето на проблемот со постоечката влага во објектот кој целосно е решен.
-Тука успеавме да направиме едно чудо затоа што успеавме да се избориме најпрвин со влагата која беше долг проблем на градинката, го дрениравме просторот во соработка со општината и направивме дополнително услоци и внатре и надвор децата да бидат на целодневна настава. Мило ми е што денес бев топло пречекан и од директорката и дечињата, мило ми е што оваа акција ја завршивме, рече Скендери.

Истакна дека останува отворен за соработка за реализација на понатамошни проекти.
-Овој проект е поддржан од Агенцијата за Меѓународна соработка УСАИД Македонија, проектот ќе трае до 2025 година јуни, очекуваме се што ќе биде потребно и за градинката и за училиштето и во сите идни проекти верувам дека ќе можеме заедно да соработуваме и ќе направиме подобри услови за децата да бидат приустни во градинката и училиштето како во сите останати општини и во сите останати градови, додаде Скендери.

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански рече дека проектот е многу важен бидејките дечињата претходно немаа целодневна настава. Во самиот објект како што посочи, покрај дренирањето и решавањето на проблемот со влагата, извршена е и целосна реконструкција на внатрешноста на градинката со поставување на нови реквизити, нова опрема, нови креветчиња, како и поставување реквизити во надворешниот дел на објектот, со што најмалите своето време ќе можат да го исполнат во квалитетна детска игра.

-Како градоначалник познавајки ги проблемите можам да кажам дека на иницијатива на општина Пехчево почна да се решава проблемот во градинката во с.Црник, со финансиска помош на овие чинители кои се денес тука. Најголема благодарност изразуваме до општинската администрација која беше доста зафатена во изготвување на документацијата, потоа до НВО ,,КХАМ” и институтот Ромалитико и директорот Скендери и последно но не и најмалку важно до Јавното комунално претпријатие ,,Комуналец” кои ги изведуваа работите, рече Китански.

Зоран Биковски од НВО ,,КХАМ” како учесник во проектот додаде дека оваа невладина организација само ги следела барањата во заедницата кои биле приоритизираниво делот на реконструкција на градинката.

-Благодарност до Општината, до Ромалитико кои се вклучија во иницијативата, а која е подрржана и од РРОМА, а целта е всушност да се подобри здравјето на децата, а преку нивното здравје, преку нивниот целодневен престој да се создадат услови за економско јакнење на Жената Ромка која на овој начин ќе има време да оди на работа да се интегрира во Општеството, а со тоа што ќе има среќна заедница и среќни деца ќе има напредок и на животот во село црник, рече Биковски.

Очекува да се продолжи со работа и на останатите приоритети во с.Црник со цел здрава и чиста средина со цел економско јакнење и воздигнување на ова село кое има голем економски капацитет и потенцијал кое еден ден р сигурен дека ќе прерасне и во потенцијален туристички центар.
Leave a Reply