Трибина ,,Зошто жените молчат за семејното насилство“ в петок во Делчево

Во пресрет на меѓународната кампања „16 дена активизам во борба против насилство врз жени и девојки“, Организацијата ЖЕНА од Делчево организира отворен настан на тема „Зошто жените молчат за семејното насилство“. Настанот закажан за петок (24.11.2023) со почеток од 14 часот, како што информираа организаторите ќе се одржи во просториите на Мултифункционалниот центар во Делчево.

-Се работи за трибина на која сакаме да порачаме ,,Стоп за насилството врз жените” Темата на трибината е „Зошто жените молчат за семејното насилство” и целта е да добиеме одговор на ова прашање, кое се почесто се поставува кога е семејното надилство во прашање, истакнаа од Организаицијата жена во пресрет на утрешниот настан.

Во рамки на проектот кој е поддржан од Амбасадата на Република Франција во РС Македонија, учество ќе земат претставници на повеќе институции, кои ќе дискутираат на темата за семејно насилство.

-Меѓу присутните поканети за овој настан поканивме лица од Комисијата за еднакви можности, потоа од Општина Делчево како и претставници од Министерството за  внатрешни работи-ПС Делчево. Исто така тука ќе биде и директорот на  ЈУ Центар за социјални работи Делчево, потоа стручни лица како психолози, адвокати итн.., додадоа од Организацијата ,,Жена” од Делчево

Организаторите упатија покана до сите заинтетесирани да дојдат на настанот на кој ќе се разговара отворено за предизвиците и проблемите на оваа тема.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*