Роднокрајното одделение при ЈЛБ ,,Илинден” збогатено со книгата ,,Да не беше ти” од Спириндон Митевски

Роднокрајното одделение на ЈЛБ„Илинден“-Делчево, од денес е побогато за уште еден нов наслов. „Да не беше ти“ на Спириндон Митевски е веќе достапна до сите наши читатели. Збирката поезија на роднокрајниот автор содржи 130 песни, полни емоции,љубов, копнеж, неостварени соништа, болка, желба…

Сите песни се напишани во 2005,2006 и 2007 година, а во воведот поетот вели: „Кога ќе дознае и во стиховите ќе се препознае, на неа оставам да свати како сака, па макар и да ме обвини. Нашиот живот еден ден ќе заврши а стиховите ќе останат да кажуваат за една љубов,што не заврши како што сакав.“

Сите песни на Спириндон Митевски соберени во „Да не беше ти“ се убави на свој начин и ќе го привлечат вниманието на читателот.
Митевски е роден на 26.09.1947 г. во Панчарево. Основно образование завршил во родното село, а гимназиско образование во Делчево.Дипломира историја на Филозовскиот факултет во Скопје. Во 1972 година се вработува како професор во гимназијата во Делчево. Во 2003 година е избран за директор на училиштето. Во 2011 година Спириндон Митевски се пензионира и продолжува за живее во Делчево. Пензионерските денови ги исполнува со своето хоби на истржување и пишувње поезија.

Сега ми требаш повеќе
Барем со некого да разденам во ноќта,
Ни мрак ни болка попушта.
Да сум за љубов ќе беше полесно
Ќе се најдеше жена за тоа.
Некогаш мислев – жена за љубов ми треба,
Сега ми треба жена за другар и помош,
За чајот и лекот да ми подаде
Кога сам не можам или обратно.
Тогаш ми требаше љубов, да сум среќен.
Сега ми треба повеќе да преживеам.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*