Стенд-ап шоу со Надица Петровска на 29 ноември 2023 во М.Каменица

Идната среда на 29 ноември 2023 година во Домот на Култура во М.Каменица ќе биде прикажана Стенд-ап комедијата “Не се курчи”.

Настанот е во организација на КИЦ Романса Македонска Каменица и истиот ќе се одржи со почеток во 19 часот

– Повелете сите заеднички да се насмееме до солзи и да уживаме во прекрасната изведба на незаменливата Надица Петрова. Дојдете да уживате и барем за миг да заборавиме на секојдневните проблеми, истакнаа од КИЦ Романса од Македонска Каменица.

Карти за настанот, по цена од 150 денари, веќе од утре може да се набават во просториите на Домот на култура, секој работен ден од 08.00 до 15.00ч.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*