Обука во СОУ ,,М.М.Брицо” на тема ,,Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на средните училишта и образованието за возрасни “

Денес во гимназијата ,,Методи Митевски – Брицо” се спроведе обука на наставниот кадар и стручната служба од училиштето на тема ,,Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на средните училишта и образованието за возрасни “.

Целта на обуката е да се обработат современите педагошки пристапи и изработка на проекти во стручното и гимназиското образование преку разни таксономии, доусовршување на начините на оценување и зголемување на мотивацијата на наставникот за вклучување во процесот на доживотно учење и образование за возрасни.

Обучувачи беа професорките Лидија Таушански и Даниела Мијалчова.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*