Семејство од с.Стамер со влошени услови за живот, роднина бара помош од хуманите граѓани

Семејство од делчевското село Стамер има потреба од помош од хумани граѓани поради влошени услови за живот. Петчленото семејство со две дечиња, моментално живее со инвалидската пензија од бабата Мирјана Јангеловска која месечно изнесува околу 12 илјади денари.

Мајката Александра од здравствени причини не е во можност да работи, а дечињата Никола и Катерина секојдневно живеат со опасноста дел од поткровјето да не им падне на глава, додека спијат на еден од трошните кревети. Во двете соби имаат два кеевети, просторот е исчаден, а тоалетот им е надвор од куќата. Поради ова нивен роднина апелира на милост на хуманите граѓани.

-Се наоѓаме кај моја тетка од с.Стамер што ме исчувала кога сум бил мал. Имав повик дека самиот кров е во распаѓање и самите гледате каков е. Претходно имаше некоја донација, но немаше кој да ги заврши работите. Јас имам моја екипа која може да го заврши тоа. Кровот е без плоча лесно ќе се направи, треба да се провери граѓата ако е здрав кровот, мислам дека може многу бргу да се направи. Ваков каков што е кровот, децата влегуваат насекаде може да падне врз некој. Битно е да се стегнат тие две соби и да се најде правиот човек кој сето тоа ќе го изреализира. Од моја страна колку можам ќе помогнам, но не можам сам, вели Благојче, роднина на семејството.

Мирјана Јангеловска скромно вели дека живеат некако со пензијата која ја прима, додавајки дека имало донација пред две години, но работите не се завршени.

-Пет души живееме егзистираме од мојата инвалидска пензија. Ќерката одеше на работа, но откако ја земаа во душевна болница и потоа ја вратија, оттогаш не работи, таа е оболена. Инвалидската пензија е околу 12 илјади денари. Порано имавме донација, но сега материјалот дел е стврднат и неупотреблив. Немаме и дрва за огрев, тие само што се надвор се единствените што ги гледате, вели Јангеловска.

Апелот како што вели роднината Благојче е да се почне од почеток, со целта да се види потоа што е направено од донираното.

Доколку сакате да помогнете на ова семејство тоа можете да го направите на телефонскиот број 075639208 и на трансакциската сметка на вујната на децата Марија Јангеловска 200004147824558.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*