Известување од свештенството при Делчевско-каменичка епархија до верниците

ИЗВЕСТУВАЊЕ!
На покана на надлежниот епископ на Делчевско-каменичката епархија на ден 12-ти февруари по повод празникот посветен на ,,Светите Три Ерарси”, ќе се отсужи Света Божествена Литургија во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Делчево.
По тој повод го известуваме верниот народ и го повикуваме на поголема присутност во храмот со цел да се зголеми велелепието на овој празник.
На Богослужбата ќе чиноначалствува Неговото Преосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на епископот Стобиски г. Јаков и епископот Делчевско-каменички г. Марко.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*